16 Април, 2024
0.0243

Дали „Рекет“ го затемни блесокот на Македонија кон ЕУ?

Објавено во: Анализа 20 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Големата корупциска афера „Рекет“ може сериозно да и наштети на Македонија кон нејзиниот пат за членство во ЕУ и добивање на дефинитивен датум за отпочнување на преговорите. Ако претходно се сметаше дека по летниот период и премислувањето на европските челници на јунскиот самит, наесен или најдоцна до крајот на годинава Македонија ќе започне да води преговори во поглавјата за правда сега се чини дека таква одлука може целосно да биде откажана.

Во текстот на германскиот весник „Шпигел“ кој посветува внимание на падот на митот за хероината Катица Јанева како специјална јавна обвинителка, токму случајот „Рекет“ може да биде показател дали државата има доволно капацитет да испорача вистинска правда и владеење на правото, еднакво за сите, без оглед на нивната моќ, финансиска или општествена положба.

„Аферата ја тресе Северна Македонија во деликатна ситуација. Поради слабите реформи во владеењето на правото, незадоволството од владата на Заев расте внатре. Во однос на надворешната политика, земјата е под притисок затоа што почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ беше одложен во јуни, делумно заради резервираноста во Франција, Холандија и Германија заради недостаток на антикорупциски мерки и премногу неодлучни судски реформи. Аферата „Рекет“ сега се чини дека ја потврдува резервираноста, пишува Шпигел.

Додека на една од снимките кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ се слуша гласот на Катица Јанева како го теши бизнисменот Орце Камчев, за европските перспективи на Македонија можеби засега нема да има кој да каже „не се секирајте, ќе биде се во ред“.

„Владата на социјалдемократската реформа реагираше неуверливо на аферата. Премиерот Зоран Заев дури остави впечаток дека има нешто да се скрие. Новинарите го прашуваа дали го познава лично Бојан Јовановски, како што тој во друга аудио снимка вели дека премиерот ќе направи „без проблеми“ да се реши случајот на Камчев. Заев вознемирено одговори дека нема да дозволи владата да биде соборена од „криминалци, суетен новинар и педер“, стои во статијата на Шпигел.

Германскиот Бундестаг во јуни не донесе заклучок за ЕУ перспективите на Македонија бидејќи наводно годишниот извештај за напредокот на земјата од Европската комисија овој пат бил подоцна изготвен. Наесен германските парламентарци ќе треба да расправат дали да и препорачаат на владата предводена од канцеларката Меркел да даде зелено светло за отпочнување на преговорите за членство на Самитот на ЕУ.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза