Дали постои комуникација помеѓу мајката и бебето во бременоста: Совети од психологот Христина Стефановска
Објавено во: Стил 09 Јули, 2019
Многу жени во бременоста се прашуваат дали навистина постои комуникација помеѓу мајката и плодот во бременоста? Според психологот Христина Стефановска, идните мајки не можат да ги сокријат своите доживувања и емоции од бебето во стомакот.
„ Промените во организмот на мајката се информации за плодот на кои тој реагира сѐ со цел да воспостави хомеостатска рамнотежа. Сите промени фетусот учи да ги дефинира како определени емотивни состојби на мајката. Така на пример, променетата биохемиска состојба на мајката при емоција на страв го зафаќа и плодот. Она што секоја идна мајка треба да го знае е тоа дека таа не може да ги сокрие своите доживувања и емоции од бебето во стомакот бидејќи истите се неволеви т.е несвесни и неконтролирачки процеси“, објаснува Стефановска.
Целиот текст прочитајте го на Женски магазин.