Дали ова е најбезбедното место на светот за дочек на Новата година?
Објавено во: Свет 31 Декември, 2019
Шефот на единицата за антитероризам, Џон Милер изјави дека Тајмс сквер ќе биде „најбезбедно место на планетата Земја оваа година за новогодишната ноќ“.
Илјадници полицајци ќе бидат на должност за време на прославата, заедно со специјализирани вооружени единици, придружени од кучиња обучени за откривање експлозивни направи и други преземени мерки.
Полициски беспилотни летала за прв пат треба да надгледуваат голема прослава – една година откако дожд ги приземји беспилотни летала во текот на дочекот на 2019 година.