Дали Макрон ја затвора вратата за проширувањето на ЕУ?
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2019
Францускиот претседател, Емануел Макрон одби да даде „зелено светло“ за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, и тоа не им се допадна на европските лидери.
„Доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ треба да се соочиме со сериозни критики. Ние ги охрабрувавме овие земји, им помагавме и ги посетувавме овие земји и дававме јавни ветувања на овие земји. Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања“, изјави Жан Клод Јункер, претседател на Европската комисија.
Дебатата околу проширувањето и давањето датум за старт на преговорите со ЕУ, им одзема најмногу време на шефовите во Европскиот совет.
Македонскиот премиер, Зоран Заев пак тврди дека немаме друга перспектива освен ЕУ.
Македонија и Албанија ќе чекаат до идната година кога на самитот во Загреб лидерите ќе се навратат на ова прашање.