Дали ќе примаме коктел вакцини и какви последици има мешањето?
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 16 Мај, 2021
Научниците се почесто зборуваат за мешање на вакцините што би довело до подолго траење на имунитетот.
Тоа би создало повеќе антитела и можеби посилен одговор на заразните варијанти на вирусот. Затоа се прават бројни студии, а за дел од нив веќе има и резултати.
Ширум светот се дава една доза од една вакцина, и втора доза од друга вакцина, за да се види дали тоа ќе даде подобри резултати. Една студија вели дека луѓето може да имаат благи до умерени нус појави ако земат Астра Зенека, а потоа примат Фајзер вакцина. Грозница, главоболка и болки во мускулите се чести симптоми кои ги пријавиле луѓето. Но, како што пренесува Би Би Си, тие биле краткотрајни и не предизвикале некои посериозни здравствени проблеми. Метју Снејп од одделението за истражување на вакцини на Оксфорд, вели дека тоа е нешто што не го очекувале и дека за нив е интригантно. Студијата почна во февруари за да се види дали дава подобра заштита и дали може да се изврши замена во случај на недостиг на вакцини. Канадските провинции Онтарио и Квебек во блиска иднина планираат да мешаат вакцини. И Кинезите размислуваат за мешање на вакцини. Мешањето веќе е истражено од некои глобални производители меѓу кои и оние од Кина, пренесува српски Блиц
Синовак и Синофарм кои извезоа стотина милиони дози вакцини во светот, планирата своите вакцини да ги мешаат со оние од други производители. .
foto freepik