ДАЛИ ЌЕ БИДАТ ДВАЈЦА, ИЛИ АКО ДАДЕ ГОСПОД И ПОВЕЌЕ ПРАТЕНИЦИ - премиерот Зааев вели дека ќе расте парламентарното мнозинство
Објавено во: Македонија 07 Март, 2021
Премиерот Зоран Зав вели дека ќе расте парламентарното мнозинство, најверојатно со три до четири нови пратеници.
„Мнозинството ќе расте. Дали ќе бидат двајца, или ако даде господ повеќе од двајца пратеници. Важно е да расте, а тоа ќе е доказ за исправните политики. Ако тие се лоши, не може да го задржите мнозинството. Тоа го создава демократијата. Низ економските резултати, низ инвестициите. Тоа ќе создаде приврзаници, кои се денеска од малцинството, од опозицијата, да се приклучат на мнозинството“, рече Заев.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека понудата за широка Влада од Зоран Заев е поради тоа што неговото мнозинство, е, како што велат, на стаклени нозе.
Вчера Зоран Заев ја „бомбардираше“ јавноста со неговата понуда за заедничка Влада со ВМРО-ДПМНЕ.