19 Април, 2024
0.0305

Дали е потребна инсталација на Microsoft Teams за Националната платформа: Родителите и учениците успешно се логирале вака

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во фаза на тестирање и денеска е Националната платформа за онлајн настава, па голем дел од корисниците, и родители и ученици, но и самите наставници имаат проблем да се приклучат. На некои им појде од рака да успеат да влезат на платформата преку Microsoft Teams.

-Тешко се отвора платформата на веб страницата www.schools.mk, но во разговор со ИТ инженер ни беше посочено дека може да влеземе преку Microsoft Teams кој лесно се инсталира на компјутерите. По впиушување на корисничко име и пасворд веднаш се пристапува на платформата. Највертојатно ова мора сите да го имаме инсталирано, но некој мора да ни каже. Сите се во дилема, збунети, дури и самите наставнички денеска не успеаа да го закажат часот на платформата, вели родител на ученик од петто одделение.

Во однос функционалноста на платформата, министерката за образование, Мила Царовска, денеска посочи дека предизвици има и дека нема да биде лесно, важно е сите заедно да покажеме разбирање и толеранција.

-Што се однесува на онлајн платформата во моментот тече нејзино тестирање и оптоварување со што поголем број на корисници, не само во овие две училиште, туку и во основните и средните училишта низ цела држава. Тестирањата продолжуваат до први октомври кога е и официјалниот старт на годината во услови поразлични од досега, односно во услови на пандемија. Во тест фазата се детектираат и веднаш се надминуваат сите предизвици. Би сакала да напоменам дека за прв пат во државата воспоставуваме вака гломазен онлајн систем и тоа го правиме за исклучително краток рок. Нема да биде се совршено и беспрекорно, но проблемите ќе ги надминуваме во од за што очекувам разбирање, поддршка и соработка од родителите, наставниците и од учениците”, изјави министерката.

Инаку, Министерството за образование и наука информира дека платформата за онлајн настава и денеска е во фаза на тестирање и дека очекуваат да паѓа, но процесот ќе продолжи интензивно да се одвива и во наредните денови.

Истовремено нагласуваат дека во текот на вчерашниот ден се најавиле повеќе од 88 000 активни корисници.

-Тие придонесоа за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците кои произлегуваат од оптоварување на Платформата во оваа фаза на нејзина имплементација. Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани, и е започната оптимизација на ресурсите во сите три кластери на Сервери (Серверите за базите со податоци (database servers); Серверите за балансирање на оптоварување (load balancer), и Серверите за опслужување на корисниците (web servers). Тестирањето продолжува и во текот на денешниот ден. Како резултат на тоа, посочуваме дека е возможно повремено да добивате порака за грешка при поврзување со базата (error database connection), што е очекувано во предметната фаза на тестирање, наведуваат од МОН.

Оттаму велат дека процесот ќе помогне не само за успешно ставање на Платформата во функција, туку и ќе поддржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамки на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование.

-Нашата крајна цел е не само да овозможиме континуитет на образовниот процес во вонредни околности, како што е тековниот со пандемијата со Ковид-19, туку да создадеме солидни темели за понатамошно унапредување на квалитетот на целокупниот образовен процес во земјата, велат од МОН.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени