29 Март, 2024
0.0260

Дали е можно дел од Македонците да се откажат од бугарските пасоши?

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Посредниците за добивање на бугарски пасоши, велат дека мала е веројатноста дел од Македонците да се откажат од бугарските пасоши, откако Бугарија ја блокираше Македонија за почеток на преговори со Европската Унија.

Објаснуваат дека граѓаните ги земаат овие пасоши со цел да си обезбедат егзистенција, а при тоа за истите чекаат со години и плаќаат одредена сума на пари. Посредниците велат дека бугарски пасоши земаат граѓани од различни градови од земјата, и од различни професии.

„Многу тешко дека нашите граѓани ќе се откажат од тие пасоши. Ги имаат луѓе од различни професии, лекари, медицински сестри, вработени во полицијата, армијата. За 8 години јас имам извадено 250 до 300 пасоши, а во земјава има околу 20 посредници. Дел од посредниците сигурно извадиле и поголем број пасоши од мене. Кога ќе се подобри состојбата во државата, кога ќе имаме просперитет, тогаш оваа појава ќе се стопира“, вели посредник од Источна Македонија.

Друг посредник од Западна Македонија објаснува дека 99 отсто од луѓето земаат бугарски пасоши, за да работат во странство, а не затоа што се чувствуваат како Бугари или пак имаат симпатии кон источниот сосед. Објаснува дека меѓу оние кои имаат бугарски пасош има и луѓе кои се ситуирани, но го земале бугарскиот пасош како резервна опција. И тој верува дека граѓаните тешко ќе се откажат од бугарските пасоши.

„За добивање на бугарски пасош се чека 3 до 4 години, и чини околу 1.000 евра сосе патните трошоци. Сепак постапката е малку потешка за вадење, а и за откажување е сложено. Од оние кои вадат бугарски пасоши, 99 отсто се поради егзистенција, а дали 1 отсто се чувствуваат како Бугари“, додава овој посредник.

Васко Јолески од Струга во петокот јавно се откажа од бугарскиот пасош, револтиран од бугарските условувања кон Македонија.  Тој ги повика и другите граѓани, на кои пасошот не им е неопходен, да го следат неговиот пример.

„Јас апелирав секој што е во можност да ја следи мојата постапка. Пасошот го извадив поради егзистенцијални причини, во моментов сум и пациент кој чека трансплантација. Сега  пасошот би ми го олеснил патот до трансплантација, но тоа не е нешто за кое треба да се дозволи да се поништува државата, а и нашето достоинство“, рече Јолески.

Јолески се откажа од бугарското државјанство и по пошта ги врати пасошот во Бугарија преку едно од нивните претставништва во Македонија.

Изминативе години се калкулираше со бројки, при што се споменуваше дека над 70.000 или над 100.000 македонски државјани имаат и бугарски пасоши.

Само 813 Македонци како граѓани надвор од Европската Унија добиле бугарско државјанство во 2019, според податоците кои ги објави ЕВРОСТАТ.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница