18 Април, 2024
0.0236

Дали е безбедно да се јаде домашно свинско месо?

Објавено во: Агробизнис 28 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Болеста „трихинелоза” е утврдена кај дивите свињи на територијата на речиси цела Македонија, но не и кај домашните свињи, изјави денеска Зоран Атанасов, директорна Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Директорот смирува дека болеста не е откриена кај домашните свињи, како што е случајот во Србија, и апелира граѓаните да не бидат загрижени зашто месото во продавниците е безбедно.

-Апелираме одгледувачите на свињи за домашна употреба грлата да ги колат во одобрени кланици каде ќе се изврши преглед на месото. Ако колењето не се врши во одобрен објект се препорачува од трупот да се земат мостри и да се достават до најблиската овластена лабораторија. Ги повикуваме одгледувачите на свињи да спречат изложеност на домашните свињи на глодари и дивеч, а угинатите животни веднаш да се отстранат од одгледувалиштето- нагласи Атанасов.


Можеби ќе ве интересира

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?