28 Март, 2024
0.0290

Дали деблокирањето на евроинтеграциите ќе ја раздвижи економијата?

Објавено во: Анализа 19 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Пред и по потпишувањето на договорот со Грција за решавање на спорот за името, власта, но и повеќе експерти излегоа со очекувања дека деблокирањето на евроинтеграциите ќе резултира со повеќе инвестиции.

Се очекува подобрување на економијата, а со овој став се сложуваат и од Стопанската комора на Северо - Западна Македонија.

„Деблокирањето на интегративните процеси, преку соодветното вреднување на нашиот напредок, позитивно ќе влијае врз реформските процеси и врз целата општествено-политичка состојба во Република Македонија, а секако од голема полза би бил и статусот на „функционална пазарна економија“, со што би биле гарантирани како домашните така и странските инвестиции. Сето тоа ќе придонесе кон повеќе странски инвестиции и подобра економија во земјава. Според нашите анализи и комуникацијата со членството сметаме дека евроинтеграциите се тесно поврзани со економскиот раст, што беше случај и со земјите од соседството кои станаа дел од НАТО и од ЕУ и покажаа најголем раст една година пред и по придружувањето“- велат од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.

Но, резутатите нема да стигат брзо и ќе биде потребен извесен период.

„Се надеваме дека ќе се забележи напредок за една до две години, и дека Македонија не би била исклучок во тој поглед, затоа што сигурноста и предвидливоста обезбедуваат поволни инвестиции, но не можеме да се потпреме исклучиво на тие податоци. За да се постигнат позитивни резултати треба да се почитува постигнатиот договор и да се имплементира истиот во предвидените рокови. Меѓутоа, најважно од сè е дека постојано мораме да бидеме посветени кон реформите и правичната примена на законите во оваа фаза и во текот на интегративниот процес за влез во ЕУ“- додаваат од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.

Во првиот квартал од 2018 година, растот на БДП во Македонија беше минорен.

Тој изнесуваше 0.1% според податоците на Државниот завод за статистика, што е знак дека економијата стагнира. 

Инаку, Предлог – законот за ратификација на договорот со Грција потпишан во Преспа треба да се разгледа утре во Собрание. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот