25 Април, 2024
0.0426

Дали бројот на неважечки ливчиња ги загрижува политичарите?

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Од општина до општина и на овие локални избори варира бројката на неважечки гласачки ливчиња. 

Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини на седмите по ред локални избори што се одржаа во неделата има вкупно 44.833 неважечки ливчиња. На гласањето за градоначалник на Град Скопје, има 15.940 неважечки ливчиња. 

Со поништување на ливчињата, граѓаните покажуваат дека не се задоволни од понудата и не се приклонуваат на ниту една опција. Во Битола има над 2.600 неважечки, во Куманово повеќе од 2.000, во Охрид над 1.400, во Тетово повеќе од 1.900, во Струмица над 1.200. Според податоците на Државната изборна комисија, во Пехчево имало 80, во Штип 1.148 неважечки, во Ресен 356, во Прилеп 1.649, во Пробиштип 565, во Радовиш 545, во Неготино 579. 

Рената Арнаудова, поранешна советничка од ЛДП во Советот на Општина Охрид смета дека бројката на неважечки гласачки ливчиња конкретно во Охрид е висока и тоа го поткрепува со фактот дека бројката на гласачи е едно, но реално има луѓе кои се заминати надвор од државата или во Скопје и прашање е дали воопшто на денот на гласањето некој од главниот град ќе дојде во Охрид за да го оствари своето гласачко право. 

„Со неважечкото ливче според мене, луѓето покажуваат револт, незадоволство, разочарување. Едноставно не сакаат да ги гласаат ниту едните, ниту другите и не се задоволни од понудата. Дали во партиите ги анализираат овие бројки, не знам, но сметам дека сега се фокусирани да мотивираат што повеќе гласачи за во вториот круг. Мислам дека во вториот круг ќе има помалку неважечки ливчиња, и дека граѓаните ќе излезат за да одлучат кој ќе биде градоначалник“, вели Арнаудова. 

Во Кичево има 898 неважечки, во Кратово 261, во Крива Паланка 441, во Крушево 322, во Дојран 79, во Дебар 298 неважечки ливчиња. Во Центар Жупа има 62 неважечки гласачки ливчиња. 

Фехми Скендер, поранешен претседател на Советот на Општина Центар Жупа смета дека дел од неважечките ливчиња станале неважечки поради тоа што постарите жители не се доволно едуцирани околу начинот на гласање. 

„Кај нас бројот на неважечки ливчиња со години е во исти граници, но ние имаме многу стари и изнемоштени лица кои нема кој да ги донесе на гласање, затоа што младите се на печалба, и при гласањето се случуваат и грешки. Можеби е потребна едукација за начинот на гласање“, вели Скендер. 

Ако се вратиме наназад, на предвремените парламентарни избори што се одржаа во 2016 година имало дури 38.712 неважечки ливчиња. Бројот на неважечки во 2014 година бил 23.428 ливчиња. На претседателските избори во 2009 година имало дури 45.513 неважечки ливчиња. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови