ДАЧИЌ ЗА БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР: Во Белград јас ќе го пречекам со знамето на Република Српска
Објавено во: Балкан 20 Октомври, 2019
Oткако британскиот амбасадор Николас Абот се фотографираше во Приштина со Албин Курти во неговите простории за прием на странки, пред албанското знаме, и на тој начин автоматски ја поддржал „голема Албанија“, српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ за него има нов предлог.
Дачиќ сепак изјави дека е многу позначајно тоа што американските и германските амбасадори Филип Коснет и Кристијан Хелт одбиле да се фотографираат со Курти пред албанското знаме.