16 Април, 2024
0.0247

Дачиќ очекува многу од сопругата на Палмер која е Србинка

Објавено во: Балкан 05 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, за именувањето на специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, на Бледскиот форум рекол дека Америка со овој гест покажала дека сака да биде појасно присутна во регионот.

На прашањето модераторот што очекува од Метју Палмер, изјави дека од американскиот функционер со кого се познава со години не очекува ништо, но дека очекува многу од неговата сопруга, која е од Србија.

„А во нашиот регион се вели – од каде ти е жената, и ти си оттаму“ – рекол Дачиќ.

Сопругата на Палмер, Даница е родена во Белград.  Тие се запознале пред неколку години, додека Палмер бил на положба на политички советник во американската амбасада во Белград. Тогаш, како што е откриено во интервју, тој рекол дека во српската престолнина ја запознал Даница Дамјановиќ, која подоцна му станала и сопруга.

„Сопругата Даница ја запознав во Белград пред неколку години. Иако таа е родена во Белград, фамилијата Дамјановиќ има корени во Црна Гора. Имаме куќа во Добра Вода кај Бар, каде го поминуваме поголемиот дел од летото“ – одговорил тој во 2014 година на прашање на подгорички Вјести, за каква поврзаност има со Црна Гора.

Докторката Даница Палмер дипломирала на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград и на пракса е повеќе од 20 години. Таа е вработена како психијатар во болница во Александрија, Вирџинија. Специјализирала дијагностика и лекување на ментални болести, како депресија, анксиозни пореметувања, злоупотреба на супстанци и шизофренија. Зборува шпански, српски и хрватски јазик.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

МАЈКАТА НА МАЛАТА ДАНКА ГО НАПУШТИЛА СТАНОТ: Скршена е, одбива да јаде и постојано прашува „каде е моето девојче?“

МАЈКАТА НА МАЛАТА ДАНКА ГО НАПУШТИЛА СТАНОТ: Скршена е, одбива да јаде и постојано прашува „каде е моето девојче?“