Дац: Очекувам оставка од Павле Богоевски и прес-конференција на Миле Бошњаковски!
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2019
Oставка од пратеникот Павле Богоевски по неговото признание дека набавувал масло од канабис, што беше објавено на најновата бомба на „Илија Громовник“, бара актерот Драган Спасов - Дац.
Тој ова го објави на Фејсбук.
„Очекувам оставка од Павле Богоевски и прес-конференција на Миле Бошњаковски!
Како што е ред, нели?“, прашува Дац.
Снимката се појави вчера на руската мрежа „Вконтакте“. Профилот „Илија Громовник“ кој ја објави снимката тврдеше дека Богоевски е снимен како нарачува кокаин.
Богоевски потврди дека тоа е неговиот глас, но објасни дека не нарачувал кокаин туку масло од канабис. Вели дека го набавувал за лечење на негова блиска личност.