26 Април, 2024
0.0277

Да сум Заев би ги прашал „зошто ми ја оцрнувате земјата пред светот со пишување на сите починати само од ковид“: Д-р. Пановски со детали од протоколите

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Јавноста во Македонија е силно вознемирена, не само од високиот број новозаразени, напротив, од високиот број починати лица. Само во последните 10 дена, во статистиката на Министерството за здравство се впишани дури 124 лица како починати од корона вирусот. Граѓаните прашуваат, зарем нема кој да ги лечи, дали сите се со коморбидитетит, кријат ли, па доцна доаѓаат кога веќе нема спас, каде е грешката во нашиот здравствен систем.

Низа прашања, на кои досега здравствените власти велат дека навистина најголемиот број од починатите имаат и други здравствени состојби, но има и пациенти кои немале коморбидитети. Само пред неколку дена министерот за здравство Венко Филипче изјави дека од самиот почеток ги пријавуваат апсолутно сите случаи.

-Се случува да дојде пациент со друга тешка здравствена состојба, тогаш да му биде направен и ковид тест, тој да почине и потоа да стигне резултатот и да биде позитивен. Ние го пријавуваме и тој случај. И кога некоја друга болест била директна причина за смртта, доколку пациентот бил позитивен на Ковид-19, ние го пријавуваме како смртен случај од ковид, рече Филипче.

Директорот на Центарот за јавно здравје, епидемиологот, д-р. Александар Стојанов вели дека тоа го бара Светската здравствена организација и дека така е според протоколите, токму од СЗО.

-Такви се протоколите, ние од почетокот на епидемијата почнавме со таа статистика и токму затоа велиме дека единствено кај нас во регионот постои реална епидемиолошка слика. Но, морам да кажам дека имавме и еден случај при кој лицето си го одзело животот со бесење, но бидејќи беше позитивен на корона, влезе во статистиката на починати од Ковиид-19, вели д-р. Стојанов.

Од друга страна, пак, еден од врвните миктобиолози во Македонија, д-р. Никола Пановски, вели дека протоколите не се такви и дека со црвено стои кои пациенти не смеат да влезат во статистиката на починати од Ковид-19.

-Јас да сум премиерот Зоран Заев, би ги викнал и би ги прашал, ’зошто ми ја оцрнувате земјата пред Европа и воопшто пред светот со впишување на пациенти кои починале од друга боест, дека починале од корона вирусот’. Македонија е високо во првите десеттина земји по број на починати, бидејќи секој пациент кој починал, па дури и од срце, излив, ако бил позитивен на вирусот, влегува во црната статистика на починати од Ковид-19. Тоа не е така, на пример во Германија. Ако пациентот имал последна фаза на канцер, не се регистрира дека починал од корона вирусот. Починатите пациенти од Ковид за да влезат во таа статистика мора да покажале барем еден симптом на болеста, а тие симптоми се веќе познати. Инаку, протоколот на СЗО е јасен, пациенти кои починале од срцев удар, мозочни изливи, сообраќајќи, други несреќи, и да биле постмортем позитивни не починале од корона, вели Пановски.

Вчерашниот ден сепак ќе биде запаметен како ден со прва рекордна бројка од дури 870 позитивни на вирусот, од почетокот на епидемијата, но д-р. Пановски веќе предупреди дека во наредниот период, би имале уште поголеми бројки на новозаразени, а би имало и по 100 погреби дневно, доколку не се преземат некакви мерки.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот