Да се спроведат масовни тестирања, бара Европската агенција за инфективни болести
Објавено во: Свет, Корона Вирус 11 Август, 2020
Европската агенција за инфективни болести ги повика земјите да спроведуваат масовно тестирање.
Ги повика државите да продолжат да применуваат соодветни мерки за социјална дистанца и хигиена и да ги тестираат.
„За земјите што ги применуваат овие мерки, ризикот е умерен, но ризикот од ескалација е многу голем во земји кои не применуваат или не спроведуваат мерки, како што се физичко растојание или следење на контактите на заразените лица“, изјави Мајк Кечпол, водечки научник во Европскиот центар за превенција и контрола нa болести (ECDC).
Тој наведува дека е клучно да се потсетуваат луѓето дека вирусот продолжува да циркулира во заедниците и дека можат да ја намалат можната изложеност на вирусот со придржување кон пропишаните мерки.
Многу земји тестираат случаи со благи симптоми и асимптоматски случаи, што доведува до зголемување на бројот на пријавени случаи.
Агенцијата предупредува за продолжување на значителниот раст на заболените во земји каде што мерките за физичко растојание не се применуваат.
Во светот има 20.3 милиони заразени со коронавирусот.