20 Април, 2024
0.0256

Д-р Светлана Смугреска, педијатар: Најважна е довербата лекар-пациент

Објавено во: Стил 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Д-р Светлана Смугреска околу две децении работи како педијатар во амбулантата во населба Драчево. Важи за една од најпозитивните личности меѓу лекарите и пациентите. Децата како што вели во интервју за Женски Магазин, се нејзини најдраги и искрени пријатели, а најголема награда е нивната насмевка и благодарност. Кариерата се сеќава дека ја започнала во селска амбуланта во Волково, а од самите почетоци во професијата внесувала позитивна енергија, знаење и искрен пристап. Тоа за неа е тајната која и низ годините ја прави доктор кому довербата и благодарноста од пациентите му е најдрагоцена.

Според неа нема родител кој не би направил сè за своето дете и секогаш ќе го вложи својот максимум за да го заштити и усреќи своето најмило. Оттука сиот нејзин професионален труд, грижа и максималната посветеност и кон родителите и кон децата се возвраќа со почитување и благодарност. Потсетува дека најважно е да се создаде доверба на релација лекар-пациент. Како што вели лекарот мора да води сметка за достигањата на медицинската наука и за начелата на стручното однесување и при тоа слободно да ги избира методата и начинот на лекувањето. А кога решава за начинот на лекувањето, должен е да се потпира врз своето значење и совест но и потребата на пациентот.

Оригиналниот текст може да го прочитате на Женски магазин.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган