20 Април, 2024
0.0269

Д-Р НИКО БЕЌАРОВСКИ: Издвојте ги вистински прележаните од невакцинираните, и предложете високи казни за оние со фалсификувани сертификати

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Доктор Нико Беќаровски од Токсикологија, преку фејсбук статус дава неколку корисни совети до здравствените власти во земјава, како и до неговите колеги од Комисијата за заразни болести.
Тој смета дека наместо награда за матичните доктори, подобро е да се укине партиципацијата за сите вакцинирани лица во цела наредна година, како и да се издвојат прележаните од групата на невакцинирани граѓани. 
„Почитувани колеги од Комисијата за заразни болести. 

Ако навистина сакате да стимулирате вакцинација, место понижувачката парична стимулација за матичните лекари, укинете ја партиципацијата за сите медицински услуги во 2022 година на сите вакцинирани (слично како што е за крводарителите).

Ако сакате да се намали антиваксерското расположение, издвојте ги вистински прележаните од групата на невакцинирани, барем 120 дена по прележувањето.
Воведете го позитивниот резултат од тестот (не постар од месец дена) на антитела, како валиден доказ за влез во сите места каде се бара вакцинален сертификат, по 120 ден од прележувањето.

Предложете висока парична казна или затворска казна за секој кој ќе биде фатен со фалсификуван сертификат.

Вратете го задолжителното мерење на телесна температура при влегување на работа и во сите јавни затворени објекти“, вели д-р Беќаровски во својата објава на социјалната мрежа фејсбук. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите