20 Април, 2024
0.0270

Д-р Мела од Дебар: Неиздржливо е, а цел град беше на дебарско езеро и по кафулиња

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Не ни се познати сите кластери, не можеме да утврдиме со целосна точност кој од каде се заразил, вели за Фактор д-р Ментор Мела, епидемиолог, раководител на Единицата за јавно здравје во Дебар. Во овој град кој беше прв на ударот на коронавирусот во март, сега има активни 89 случаи. Во последното деноноќие беа регистрирани седум нови, а според информации на Фактор петмина се од една поголема фабрика во градот. Д-р Мела е разочаран што во градот не се почитуваат превентивните мерки, но вели дека ситуацијата е под контрола.

„Немаме веќе сила, премногу сме уморни и не се издржува. А граѓаните се движат, се шетаат, не носат маски, вчера езерото беше полно и имаше капачи. Ние сме доведени во ситуација да не можеме да откриеме кој од каде се заразил, вели д-р Мела.

Од сите активни случаи повеќето се на домашно лекување, а има и хоспитализарни во трите болници во Скопје. денеска ќе заседава и кризниот штаб во градот.

Не можеме да поврземе кој од каде се заарзил, не се соопштува кој со кого бил во контакт, ама веројатно е дека најголемиот дел од дијагностицираните се од дружби надвор, непочитување на превентивните мерки, додава Мела.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд