Д-р Лазаров: Ќе има нови карантински мерки
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020
Д-р Ненад Лазаров, матичен лекар кој на јавноста и е познат и по 3Д Принт медицинска опрема која откако беше прогласена епидемијата донираше визири во многу институции и компании на фејбук сподели свој став во однос на ширењето на заразата во Македонија. Според него, веднаш по изборите ќе има нови карантински мерки, а ставот го правда со фактот дека пред три месеци, кога во земјава имаше 50 или 60 позитивни случаи на Ковид-19, се воведуваше карантин, ограничување на движење и други мерки.
Лазаров е лут што не се почитуваа препораките па се наполнија кафулињата, рестораните, парковите.
„Кафеаните се преполни, јавните места исто така, но сега плус се оди и во туристичките центри како Охрид, Струга, Дојран, Маврово. Некои градови како Струга или Ресен, во кои речиси да немаше, или немаше позитивни случаи, сега се своевидни жаришта со корона вирусот. Да не заборавиме, во среда кај нас ќе се одржат и избори, настан кој епидемиолозите го сметаат за значаен во ризикот од ширење на вирусот, вели Лазаров и додава дека слично сценарио има и во соседна Србија.
„Браќа и сестри по Хипократ, ова ќе биде последен, евентуално претпоследен викенд со слободно движење, искористете го за одмор, видете се со семејството, заштитено и внимавајќи на социјална дистанца, напиша Лазаров викендов на фејсбук.