29 Март, 2024
0.0308

Д-р Филип Станковиќ – научник од Македонија кој работи на развој на иновативни производи во тутунската индустрија

Објавено во: Македонија, Мои пари 04 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Македонскиот научник д-р Филип Станковиќ од Скопје е еден од 430те научници во Филип Морис кои работат на истражување и развој на иновативни бездимни производи. Отсекогаш верувал во промени и дека соништата може да се остварат со макотрпна работа, труд и малку среќа. Интересната приказна на младиот научник  го носи во Соединетите Американски Држави по завршувањето на Машинскиот факултет во Скопје на докторски студии на Универзитетот Washington State, каде се усовршува во своето знаење како експерт за пиролиза, био-горива и хемија на аеросол.

„Токму тематиката на аеросол беше врската со Филип Морис. Не сум пушач, немав чуено за IQOS (ајкос), ниту за сите иновации во тутунската индустрија во последните 10 години и очекувано пристапив со големи предрасуди. Се прашував: Зарем не е се сведено на продажба во тутунската индустрија и оптимизација на процесите? Каков развој воопшто би можело да постои таму? Колку е етички да се работи во една таква индустрија? Како тоа јас како истражувач на био-горива и аеросоли се вклопувам во приказната? Следеше кратко истражување и дискусија со мојот сегашен претпоставен, по која ми стана потполно јасна исправноста на концептот да работам на нови иновативни производи  за оние возрасни пушачи кои не сакаат да се откажат од оваа навика”, вели Станковиќ.

Клучот да се влезе во таа приказна беше неговата експертиза за хемискиот состав на аеросолот. “Истражувањето на хемискиот состав на аеросолот е клучен при развојот на нови помалку штетни производи, а истражувањата покажаа дека при користењето на IQOS се ослободуваат помалку штетни материи споредено со цигарите”, раскажува д-р Станковиќ за своето искуство. 

Тој додава дека секогаш настојувал да ги убеди родителите и блиските да ги откажат цигарите. “Чадот од цигарите се уште ми пречи и не ја разбирам поентата на зачадени кафулиња и работни простории. Она што ме прави среќен е дека денес постои опција за оние кои се соочени со предизвикот да се откажат од пушењето. Верувам дека иновациите се основна движечка сила во секоја индустрија,неминовно и се потребни на тутунската индустријаи јас сум особено горд што сум дел од ова голема трансформација и активно работам на остварувањето на визијата за свет без чад од цигари,” вели младиот научник.

Тој работи во Нојшател во Швајцарија каде се наоѓа истражувачкиот центар на Филип Морис за развој на иновации. „Ја проучувам взаемната поврзаност на повеќе фактори како што е составот на супстратот (тутунот), температурата на загревање, конструкцијата на стиковите и параметрите на уредот за загревање со цел да го разберам нивниот ефект на квантитетот на штетни материи во аеросолот. Моја крајна цел е изнаоѓање начини како оваа емисија да се намали. Ова на дневна основа значи дизајнирање на експерименти, организирање на работата во лабораториите околу овие проекти и надгледување на експериментите, анализирање на податоци, пишување научни извештаи и соработка на научни студии, како и консултација на дизајнерите на нови производи. Сето ова вклучува аналитичка хемија, термохемија, физика, механика и инженерство“, додава Филип.

Според него, иднината на тутунската индустрија се темели на иновација, висока транспарентност во научните истражувања и отвореност за соработка.

Кога би живеел сè уште во државава, Филип вели дека можеби не би ја имал истата можност да работи на иновации. За тоа се потребни многу вложувања и средства кои се ограничени. Сепак, со неговата порака до своите врсници, тој ги охрабрува да сонуваат и да си поставуваат високи цели. Додава дека иновациите се клучот за развојот и на компаниите, но и на државите.

Неговата препорака до сите млади кои сакаат да се занимаваат со наука е дека силата на науката е таа што не познава граници, дека младите треба да учат и да бидат позитивни, да веруваат во себе и дека тој е тука секогаш да помогне на младите кои ќе тргнат по овој пат. „Постојат голем број успешни луѓе, професори и научници од Македонија во светските метрополи, компании и институции и верувам дека на секој од нас би му претставувало задоволство да помогне во остварувањето на амбициите и развојот на нашите млади научници. Јас ви стојам на располагање”, додава Филип.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница