ЦРНИ ПРОГНОЗИ ЗА ТУРЦИЈА: Што ги чека во 2019 и 2020 година?
Објавено во: Економија 20 Септември, 2018
Во наредните години Турција очекува намален економски раст поради лирата.
Во 2019 година растот се очекува да биде 2.3%, а во 2020 ќе биде 3.5%.
Претходно целта им беше да имаат раст од 5.5% секоја година.
Од друга страна 20.8% изнесува инфлацијата во земјата.
Оваа година лирата изгуби 40% од вредноста, што нагло доведе до поскапување на извозот.
Централната банка на Турција минатата недела нагло ги зголеми каматите и тие од 17,75% скокнаа на 24%. Со оваа сакаат да ја зајакнат националната валута и да ја зауздаат инфлацијата.