25 Април, 2024
0.0284

Creative Hub Скопје го одржува првиот HR Virtual Transformation Summit

Објавено во: Мои пари 10 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Под мотото “ HR Трансформација ”, Академијата за човечки ресурси на Creative Hub го организира првиот виртуелен HR самит.

Настанот ќе се одржи оваа сабота на 15ти Август 2020 година со почеток од 10 часот наутро. Пријавените ќе можат да ги гледаат сите сесии до 10 часот попладне .

Самитот ќе се осврне на теми како предизвиците со кои се соочуваат регрутерите денес, како може да се подобрат перформанс менаџмент процесите и да се задржат најдобрите кадри. На самитот ќе слушнете и дискусија за тоа како би изгледал тренингот на вработените во иднина, и секако дискусија за тоа како ќе изгледаат промените покорона вирусот во HR индустријата. На настанот ќе присуствуваат 13HR професионалци од 5 земји кои ќе ги пренесуваат своите искуства и ставови.

 “HR Академијата на Creative Hub покрај едукативната програма што ја нуди секогаш се труди и да даде свој придонес во развојот на оваа индустрија. Овој пат организираме виртуелен настан кој е бесплатен за сите, а се погриживме да имаме гости HR професионалци од светот како глобалниот директор на човечки ресурси на Schneider Electric, потоа директорот на човечки ресурси на групацијата Santander , а поканивме и дел од нашите предавачи од Академијата да дадат свој придонес на настанот. “-вели Аријана Коскарова ,организатор на настанот.

Целосната агенда на настанот е објавена на нашиот сајт https://hrsummit.app.virtualsummits.com/ , заедно со листата на спикери, а пријавените можат да ги букираат сесиите кои сакаат да ги следат.

Настанот ќе биде во времетраење од 1 ден, и ќе се состои од 5 различни сесии, каде ќе се дискутира на различни теми.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка