25 Април, 2024
0.0396

Creative Hub победи на Global Fundraising Stage Miami 2021

Објавено во: Финансии 19 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Македонскиот стартап кој во 2019-та година се најде на листата на најуспешните на Форбес „30 под 30“ вчера победи на Глобалниот Инвестициски настан Мајами 2021.

Ова е прва победа на македонска компанија која на настанот беше презентирана од основачот Аријана Коскарова на инвестициски самит во САД.

Овој настан кој поради пандемијата се одржа виртуално, е организиран од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели ( WBAF) и Институтот за Data Science од Мајами.

Creative Hub беше единствен стартап од Европа, а целта беше токму привлекување на инвестиции за развој на бизнисот и отворање на нов пазар во САД.

„Првпат после 4 години од отворање на бизнисот повторно застанав на сцена во улога на стартап. Со оглед на фактот што останатите компании беа од областа на канабис, medtech, fintech и воедно беа американски старапи не мислев дека имаме шанса. Но нашата презентација му се се допадна на жирито и токму проблемот кој го решаваме, а тоа е потребата од нови вештини кои ги налага растот на технологијата. Во САД до 2030 година ќе има недостаток од 85 милиони работници од областите на кои се нашите Академии. Тоа заедно со нашиот бизнис модел и реалните податоци кои ги презентиравме ни ја донесоа победата. Оваа победа е само почеток на успех на нашата компанија надвор од границите на нашата земја, изјави Аријана Коскарова, основач на Creative Hub.

Глобалната Инвестициска Сцена ( GFRS) е интернационална ко-инвестициска платформа за инвеститори, стартапи и бизниси со голем потенцијал за раст кој има за цел да им отвори можност за глобализација на бизнисите преку собирање на инвестици од верификувани инвеститори. 


Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка