20 Април, 2024
0.0247

Ципрас се плаши од криза со Турција, но уште се сили врз Македонија

Објавено во: Анализа 19 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Грчката влада предводена од Алексис Ципрас се повеќе е загрижена дека на повидок е нова криза со Турција од дипломатски и безбедносен аспект која ќе трае подолго време. Токму затоа и претходно Ципрас потенцираше дека спорот за името со Македонија мора да конечно да се реши по повеќе од две децении за Грција да остане фокусирана на се поголемите предизвици кои ги има со „агресивната“ надворешна политика на Турција. 

На Ципрас му е јасно дека не може да биде успешен истовремено на сите фронтови, но очигледно тоа не е некаков проблем за грчката опозиција која сите политички фрустрации ги лечи врз Македонија. Во грчкиот парламент е најлесно да се навредува Македонија и Македонците се веќе видените пароли и понижувања. 

Токму врз ваквиот националистички концепт се градени сите црвени грчки линии против Македонија, врз соседот кој нема моќ, кој не е член на меѓународните институции како НАТО и ЕУ, кој нема моќна армија, а според грците е закана за нивниот територијален интегритет. Ако Македонија е закана за Грција, тогаш Турција според досегашните односи треба да биде прогласена за смртен непријател. 

Во притвор и натаму се двајцата грчки војници кои беа затекнати на турска територија, а реториката на Анкара се повеќе се засилува. Во меѓувреме не видовме ниту еден националистчки протест во Грција против Турција, ниту пак закани на грчки политичари против Ердоган или било кој друг од Турција како што тоа го прави Кирјакос Мицотакис против нас. 

Грција има шанси да си ја подобри позицијата во меѓународната заедница со компромисно и достоинствено решение со Република Македонија во спорот за името и со одблокирање на евроинтегративните процеси. Потоа ќе може својот дипломатски напор да го насочи кон Турција при што ќе добие и поголема поддршка од сојузниците кои ќе треба да арбитрираат како да се подобрат односите и да се стабилизира целокупниот регион на Балканот во Егејското море и пошироко. 

Токму таков вид на компромис беше посакуван од умерените грчки политичари, аналитичари и новинари кои како да претпоставуваа уште пред апсењето на двајцата грчки војници дека односите со Турција ќе се проблематизираат и дека токму нивниот источен сосед со кој имаат комплицирани поморски релации е многу попроблематичен отколку од малата и сиромашна земја на Северот. 

Дали во Грција ќе преовлада разумот и дали конечно грчката јавност ќе прифати да го тргне национализмот, омразата и стереотипите од минатото на страна треба да видиме во наредниот период кога преговорите за името ќе се засилат со надеж дека ќе се стигне до квалитетно решение кое нема да го уништи достоинството на македонскиот народ. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!