Ципрас на „смирувачка“ средба за името со архиепископот Јероним
Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2018
Грчкиот премиер Алексис Ципрас без оглед што се обидуваше да го „тампонира“ влијанието на грчката православна црква оствари „смирувачк“ средба со грчкиот архиепископ Јероним на која е разговарано за процесот на преговори за спорот за името.
Грчката црква направи голем притисок во јавноста барајќи од конечното решение да не биде содржан терминот „Македонија“ што според нив им предизвикувало страдање на грчките верници, особено на северниот дел на земјата каде се најавени масовни и жестоки протести.
За резултатите од разговорите што се одржаа пред два дена во Њујорк, Ципрас бил информиран од министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, а веднаш потоа заминал на средба во Атинската архиепископија, пишува „Катимерини“.
Весникот додава дека близок соработник на Ципрас ја оправдал неговата одлука да зборува со архиепископот пред да се сретне со партиските лидери и рекол дека „го информираме секого што ќе го побара тоа од нас”. Според истиот извор на кој се повикува весникот, Ципрас и архиепископот си размениле писма за спорот за името пред нивната средба, а освен тоа двајцата имаат редовни контакти.