Ципрас го осуди фактот дека Македонија не доби датум за преговори со ЕУ
Објавено во: Македонија, Балкан 19 Октомври, 2019
Eкс грчкиот премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност за предлогот за започнува пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.
Тој на социјалните мрежи порача дека одлуката за отфрлање на почетокот на преговорите со Северна Македонија е порака за слабост и пораз на европскиот проект.
„Некогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Брисел“, напиша поранешниот на Твитер, додавајќи: „На нашите народи им должиме да продолжиме да се бориме за иднината и единството на Европа“.
Ципрас и македонскиот премиер, Зоран Заев лани потпишаа договор за решавање на повеќе деценискиот меѓудржавен спор за името на Македонија.
Aктуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис вчера порача дека тоа што Македонија не доби датум не е добро ниту за самата Грција. Кажа дека три земји не се согласиле да се даде датум на Македонија.