29 Март, 2024
0.0420

ЧУПЕСКА - СТАНИШКОВСКА: Во Струмица ќе нема двојазични униформи

Објавено во: Анализа 13 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Изгласаниот закон за употреба на јазиците ги покрена прашањата за излегување од рамките на Уставот со членовите за двојазични униформи на полицијата и службите како и на двојазични пари во местата каде граѓаните над 20% го говорат јазикот. Овие членови треба да ги разгледа и оцени Венецијанската комисија, а истите може да послужат и како повод претседателот Иванов да го искористи правото на Вето и да го врати законот на повторна генерална расправа на Собрание. Тоа ќе предизвика ново гласање со апсолутниот број на мнозинството на пратеници, но ќе потроши триесетина дена. Секако, крајната фаза е решавање на Уставниот суд најверојатно по претставка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ или било кој друг спротиставен субјект. Затоа го пренесуваме ставот на професорката Ана Чупеска-Станишкоска и што таа мисли за уставноста на законот и елементите кои предизвикуваат грижа за двојазичност на сите институции и на сите места каде граѓаните го зборат јазикот над 20%.

„Со, оваа законска интервенција се овозможува поголема етнокултурна правда, односно се укажува дека  државата не конотира исклучиво и ексклузивно само еден единствен  идентитет, туку симболчки го акакомодира фактот на мултикултуралноста.

Што се однесува до парите, јас како што разбирам, нема да има двојазични пари,  туку ќе има “повеќе”  симболизација на парите, односно ќе се додадат симболи, а не, два јазика на парите.

За униформите, пак, интервенцијата се однесува само на подрачјата каде има потреба за тоа, според  процентуалната застапеност од 20 %, што значи дека во Тетово ќе има, но во Струмица нема да има потреба од такви униформи. Двојазичноста на униформите , што е најважно, се однесува на симболички аскрипции, а никако не на системот за командување во полицијата“, вели Чупеска-Станишкоска.

Кохезија на Уставноста и Рамковниот договор

„Сепак, за уставноста на законот одлучува Уставниот суд, иако, според мене  законот само ги дорарзива и соодветно ги проширува јазичните права до максимум  и тоа во согласност со амандманот 5 на Уставот, во контекст на  ОРД, односно не ги надминува уставните ограничувања во овој поглед“ оценува Чупеска-Станишкоска.

Овие денови можни се и помали протести пред Собранието за изразување на револт кон новото владино раководство, но ќе се види дали има потенцијал за поголемо предупредување или само моментално незадоволство. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот