29 Март, 2024
0.0265

Чулев: Операторот не знае како треба да изгледаат пасошите, проблем е новото уставно име

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Во МВР има проблем со изработката на пасошите и другите лични документи поради новото уставно име, тврдо Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, независно од тоа што „Веридос“ треба да и испорача на Македонија 100.000 обрасци за патни исправи на крајот од март.

Тој за „Слободен Печат“ тврди дека во моментов машините во МВР не се оспособени да печатат пасоши со „Северна Македонија“ за оние кои ќе поднесат барање за нивно обновување по истекот на рокот на старите документи. Проблем било тоа што нема софтвер, а исто така и германскиот „Веридос“ не знае какви технички спецификации треба да ги изработи документите.

– Работата е во тоа што има аномалија во нарачката склучена за пасоши со новото уставно име „Република Северна Македонија“. Кога се правела нарачката, во делот каде што треба да бидат внесени техничките спецификации за изработка на личните документи е оставен празен простор. А нарачката е направена и платена. Платено е и за личните карти, и за возачките дозволи, и за пасошите со новото уставно име. Не требало да направат порачка без претходно да ги дефинираат техничките спецификации. А тоа е, каде да го пишува името на пасошот, на кој јазик да го пишува презимето, дали да има националност, државјанство, каде да стои бројот. Со едноставни зборови, како да изгледа документот – ни изјави Чулев.

Од она што му го пренеле претставниците на „Веридос“ Чулев очекува обрасците за некои лични документи да стигнат дури на есен, односно дека ќе има одложување.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење