18 Април, 2024
0.0227

Човекот кој заработува 5,1 милијарди долари на ден

Објавено во: Стил 23 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Бернард Арно, претседател и извршен директор на групата LVMH, која поседува 75 луксузни брендови, вклучувајќи ги Диор и Луис Витон, заработи 5,1 милијарди долари за еден ден.

Откако беше објавено дека продажбата на LVMH се зголеми за 17 проценти, цената на акциите на компанијата скокна за 5,6 проценти и го запечати богатството на Арно на 99 милијарди долари.

Според „Форбс“, парискиот конгломерат забележа најголем раст на продажбата во Хонг Конг, и покрај протестите што се одвиваа во тој автономен кинески град.

Во последниот квартал продажбата порасна за 12 проценти, претежно козметика.

Компанијата забележува дека ова може да се припише на неодамна отворената продавница Сефора во Хонг Конг.

Арно стана третиот најбогат човек на светот во април, а за тоа повеќе може да се прочита на Машки Магазин.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре