29 Март, 2024
0.0260

„ЧОВЕЧКА ГРЕШКА И АМЕРИКАНСКИ АВАНТУРИЗАМ: Војската на Иран ненамерно го урнала украинскиот авион

Објавено во: Свет 11 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Иран објави дека армијата на земјата „ненамерно соборила“ украински патнички авион, изјавувајќи дека станува збор за човечка грешка.

Во соопштението на иранската војска се наведува дека погрешно е проценето дека авионот е „непријателска цел“ бидејќи леталото се свртело кон „чувствителниот воен центар“ на Револуционерната гарда.

„Во тие услови, заради човечка грешка, авионот е ненамерно погоден“, се вели во соопштението, и се истакнува дека одговорните ќе бидат процесуирани, известуваат светските медиуми.

Иранската војска упати извинување, велејќи дека ќе ги усоврши своите системи за да спречи повторно да се случат вакви трагедии.


„Американска авантура“

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Jaвад Зариф изјавил на Твитер дека истрагата на вооружените сили покажала дека падот на украинскиот „Боинг 737-800“ е резултат на „човечка грешка во момент на криза предизвикана од американски авантуриза што довело до катастрофа“.

Снимките од мобилни телефони, направени од обични Иранци, по падот на авионот и нивно кружење на на Твитер, покажува дека несреќата на авионот е придружена со експлозија.

Иран во четвртокот објави дека ќе ги разгледа податоците од црните кутии за да утврди што се случило, иако тогаш изјавија дека процесот може да трае еден до два месеци.

Техеран тогаш изјави дека може да побара помош од Русија, Канада, Франција и Украина, што може да трае една година или две.

Иранскиот претседател Хасан Рухани во саботата потврди дека неговата земја „длабоко“ жали за несреќата на украинскиот авион и, според неговите зборови се случила, „голема трагедија и неопростлива грешка“.

„Внатрешната истрага на вооружените сили заклучи, за жал, дека ракетата што предизвика уништување на украинскиот авион и смртта на 176 невини луѓе е истрелана“, напиша Рухани на Твитер, додавајќи дека „истрагата продолжува за да виновниците се изведат пред лицето на правдата“.

Одмазда за убиство

Признанието следи откако американските и канадските власти соопштија дека е „голема веројатност“ дека иранската противвоздушна ракета го урнала авионот, што првично го демантираше Техеран, нарекувајќи ги наводите „големи лаги“.

Авионот беше соборен во средата, неколку часа по иранското ракетно лансирање на две воени бази во Ирак, користени од американските сили, што беше одмазда за убиството на најмоќниот генерал на Иран, Касем Сулејмани.

АП наведува дека ова признавање на Иран веројатно ќе предизвика негативно чувство на јавноста кон властите бидејќи Иранците стојат пред нивните водачи по атентатот на Сулејмани.

Во несреќата загинаа 176 патници и членови на екипажот, повеќето од нив ирански или канадски државјани со иранско потекло, кои по одморите во Иран се враќаа во Канада преку Украина.


 Foto: AP/Ibrahim Noroozi

Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест