ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР СЕ СТЕКНА СО 120 ОБИЧНИ АКЦИИ - Комерцијална банка извести за сопственичка промена
Објавено во: Финансии 01 Август, 2023
Еден од диреклторите во Комерцијална банка и член на Управниот одбор на банката, Никола Џамбазовски, купил 120 акции од банката.
За оцва банката ја извести инвеститорската јавност преклу Македонската берза.
„Известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и Член на Управниот одбор, се стекна со 120 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во известувањето од банката.
Инаку, како што претходно објави Фактор, Џамбазовски стана член на УО на Комерцијална банка на средината на јуни минатата година.
„Комерцијална банка АД Скопје известува дека, согласно последните измени на Статутот на Банката, Управниот одбор на Банката во состав - Хари Костов, Претседател и Главен извршен директор, Илија Илоски, Член и Главен оперативен директор и Маја Стевкова Штериева, Член и Главен финансов директор, е проширен со уште двајца нови членови – Билјана Максимовска Поповиќ, Член и Главен директор за корпоративно банкарство и Никола Џамбазовски, Член и Главен директор за продажба и развој. Двајцата нови членови на Управниот одбор добија согласност од Народната банка на РСМ на 15.06.2022 година со мандат од две години“, извести најголемата македонска банка преку Македонската берза.
Никола Џамбазовски, има 19 години работен стаж во Банката во областа на кредитирање на стопанството и управување со проблематичните побарувања, од кои на раководни позиции последните 12 години.
Денеска на Берзата на редовното тргување, акцијата на Комерцијална банка имаше просечна цена од 12.197 денари за акција.
Н.Н.Ф.