Чии автомобили гореа ноќеска во скопско Тафталиџе
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020
Нема крај на пироманијата во главниот град. Последниот период се почесто стана палењето на автомобили, а ваков случај е регистриран и ноќеска.
Не се познати причините за целосното изгорување на возилото „опел астра“, сопственост на А.Ѓ. а не се знае дали станува збор за подметнат пожар.
Додека астрата изгорела целосно, од неа се запалила и „сеат атека“ која му припаѓа на Ѕ.И.
Опожарените возила се наоѓале на ул. „Хашка“ во скопско Тафталиџе.