24 Април, 2024
0.0272

Чифлиганец; Стечајниот управник си зема награда 150.000 евра, а јас не смеам да влезам кај топланите

Објавено во: Економија 30 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на Адора Инженеринг, која од пред 12 месеци е сопственик на топланите Исток и Запад превземени од Топлификација, вели дека компанијата сѐ уште не може да добие владение врз топланите иако платила 9,26 милиони евра. Бизнисменот додава дека неговата компанија ќе треба да плати и плус еден милион евра за каматата од кредитот.

- Јас се согласувам дури и само да ми се покријат финансиските загуби и ќе им ги предадам топланите на оние кои бесправно ги користат, вели Чифлиганец во „Тудиуо 10“ на ТВ24. 

Тој се уште не знае дали државата ќе ги купи топланите, ќе ги земе под закуп или пак ќе ги национализира. Вели дека поради тие долгови за првпат во 45 години кариера ќе мора да потпише негативна годишна сметка.

- Мене насила ме тераат државни институции да потпишам дека ги давам под закуп топланите, но не се споменува исплатата на долговите од 550.000 евра за кои не се знае каде се. Се бара закуп во смисла на управување со топланите, а кредитите да продолжи да ги отплаќа Адора. Адора е спремна да направи купопродажен договор и да го продаде имотот за 8,8 милиони евра од кои 7 се отплата на преостанатиот кредит, објаснува Чифлиганец.

Како што вели Чифлиганец, тој воопшто не влегол таму и додава дека купиле „магла и ветер“.  Правниот тим на компанијата постојано поднесува барања и поднесоци до сите надлежни, меѓу кои и до Регулаторната комисија за енергетика, но без резултат.

– Дали сегашната ситуација е времено преземање и национализација на Топлификација од страна на Владата, не знам, вели Чифлиганец.

Додава дека веќе недостигаат 1,6 милиони евра наплатени од граѓаните минатата година и дека редовно Адора инжинеринг плаќа данок на имот за топланите.

- Стечајниот управник си зел награда од 150.000 евра, но ние владение немаме. Улогата на стечајниот управител е етичка и морална пред јавноста и пред купувачот. Министерството треба да ја преиспита оваа ситуација за понатаму да не се случуваат вакви работи. За платените пари треба да се добие наведената сопственост или да се вратат парите, но ништо од тоа иако на случајот работи цел тим адвокати, вели Чифлиганец.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава