ЧЕТВРТА ЖРТВА ОД НЕСРЕЌАТА ВО РОМАНОВЦЕ - почина 58-годишен маж
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2020
Експлозијата во Романовце ја однесе и четвртата жртва.
На Единицата за интезивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје вечерва почина 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба, информираше за МИА директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ д-р Илир Хасани.
Ова е четврт смртен случај. Во експлозијата загинаа три деца на возраст од осум, девет и 11 години. Уште седум лица беа повредени и се здобија со висок степен на изгореници.