19 Април, 2024
0.0304

Четири земји ќе ги примаат мигрантите спасени во Медитеранот

Објавено во: Свет 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во Малта е постигнат привремен договор за распределување на мигрантите.

Малта, Италија, Франција и Германија постигнаа иницијален и привремен договор за распределување на мигрантите спасени во Медитеранот. 

Деталите од договорот засега не се познати, но министрите, по средбата, кажаа дека станува збор за солидарен механизам и изразија надеж дека останатите 24 колеги ќе се придружат кон оваа иницијатива.

Документот ќе им биде презентиран на другите земји членки на ЕУ на 8 октомври на министерскиот совет за внатрешни работи во Луксембург.

Министрите за внатрешни работи на овие четири земји одлучија да го одржат овој состанок за да најдат привремено решение на сѐ побројните инциденти во Медитеранот, каде бродови кои спасуваат мигранти не можат да се вкотват со денови, некогаш недели, во отсуство на сеопфатен договор на ниво на ЕУ за прераспределување на барателите на азил.

Малта и Италија се на удар на мигрантските бранови од Африка како најблиски пристаништа во централен Медитеран, а Франција и Германија се погодени од секундарните движења, односно земји во кои мигрантите заминуваат откако ќе влезат во Шенгенската зона, но и редовно волонтираат да прифатат релокација на мигранти кога тоа е потребно.

Ќе се направи прераспределба на луѓето кои ќе пристигнуваат на европското крајбрежје.

Бродот „Океански Викинг“ на кој имаше 182 спасени мигранти, вчера пловеше по меѓународни води меѓу Италија и Малта, и чекаше дозвола од некоја европска земја да се закотви во нејзино пристаниште.

На бродот имало мигранти од Либија кои биле спасени минатата недела.

Во петокот од бродот се симнаа 35 лица кои ги прими Малта.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато