Четири компании против тендерот на АХР ЛАБ
Објавено во: Економија 23 Јули, 2018
До крајот на неделата ќе се знае дали министерот за здравство Венко Филипче ќе го поништи тендерот за набавка на хемиски реагенси за централизирани лаборатории во вредност од 35 милиони евра.
Во медиумите протекоа информации дека фирма АХР ЛАБ, формирана пред четири месеци е единствената што се пријавила на тендерот.
Досега приговори доставиле четири компании што не можеле да конкурираат на тендерот поради постапката, сметајќи дека е направена за да ја добие само една компанија.
Од компанијата АХР ЛАБ најавија дека со свој став ќе излезат во текот на денешниот ден.
Договорот се уште не е потпишан.