19 Април, 2024
0.0280

Чек да брцнам во ташнава: Наздравје или живели како што викаме после третата

Објавено во: Стил 23 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Еве ги, како под команда. Нит сум ги повикала, нит ми се потребни. Ама не прашуваат. Дрско и безобразно, секое сабајле се тука. Само што ќе отворам очи. Ма уште пред да отворам очи.  Како ненајавени гости во сред домашна кавга. Е такви се. Утринските мисли. Ненајавените гости, или водоводџијата за читање водомер во купатило понекогаш знаат да бидат и супер добредојдени, оти тоа маскирно одело, кое го ставаш на себе во дел од секунда, она за пред гости, заедно со првата ракија, прави да заборавиш за што си се расправал. А кога ќе си отидат, прави да си бидеш сам себе си и глупав и смешен, што си им дозволил повторно и овој пат, по стоти пат, на чорапите од сред соба, или на исфлеканиот штиркан и пеглан чаршав, а најмногу на тоа дека Сандра и Бане, нон стоп одат некаде на викенди, а ние не, да ти го згорчаат животот. Ах тие 10 секунди, тие проклети 10 секунди, за кои сто пати сум рекла, ќе ги ќутам бе, ќе го гледам шарениот лустер за тоа време, нема да ги дишам бе, ќе го мислам Јусеин Болт кој за тие 10 секунди гепардот го претркувa...

Целата колумна на Тања Трајковска на Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре