Чедомир Јовановиќ ставен на кислородна поддршка
Објавено во: Балкан 03 Јули, 2020
Чедомир Јовановиќ лидерот на спрпската партија ЛДП денеска бил префрлен од КБЦ „Бежанијска коса“ на белградската Инфективна клиника, објавуваат српските медиуми.
Јовановиќ беше примен во болница со воспаление на белите дробови, но според информациите неговата состојба се влошила и тој на Инфективната клиника сега е во делот каде се пациентите на кој им се дава кислородна поддршка.
Досега не беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот.
Јовановиќ е еден од најпознатите политичари во Србија, но и во регионот.