29 Март, 2024
0.0253

CES 2020: Samsung го прогласи почетокот на Еre искуствата

Samsung во Лас Вегас претстави многубројни иновации кои ја ставаат технологијата во служба на човекот – робот за лична нега, домови на иднината базирани на вештачка интелигенција и паметни градови засновани на Интернет на Нештата и 5G мрежа

Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Во воведната презентација на претставникот на Samsung Electronics Co., Ltd. на саемот CES 2020 е најавен почетокот на Ere искуствата. Како главен говорник, претседателот и извршниот директор на оваа компанија, H.S. Kim најави дека наредната деценија ќе ја обележат технолошки иновации насочени кон луѓето, креирајќи персонализирани искуства кои го олеснуваат животот, правејќи го пријатен и давајќи му смисла.

„Era искуствата потполно ќе го сменат начинот на кој се грижиме за себеси и своите најблиски, како и начинот на кој ги користиме нашите домови и создаваме сигурни и паметни градови. Благодарение на достигнувањата од областа на роботиката, вештачката интелигенција, 5G мрежите и EDGE компјутерството, имаме прилика да ѕирнеме во блиската иднина, во која, овие нови технологии, ќе овозможат значајно богато корисничко искуство,“ изјави H.S. Kim. „Она што го прави нашиот пристап единствен, е јасно зацртаната филозофија базирана на иновации во служба на човекот, кои го подобруваат неговото секојдневие.“

Грижа и нега за себе на повисоко ниво

Суштината на овие хуманистички визии е персонализираната нега како и подобрувањето на здравјето и благосостојбата на корисникот. Во текот на воведното обраќање, H.S. Kim го најави доаѓањето на роботите како „животни следбеници“, и го претстави Ballie, мал робот кој ги разбира и ги поддржува своите сопственици, реагира на нивните потреби и помага при одржување на редот во домот. Главниот и најважен фактор за овие достигнувања и идната персонализирана нега, е вештачката интелигенција, која го олеснува контролирањето на информациите и заштитата на приватноста.

Samsung на саемот претстави и напредни, персонализирани здравствени решенија. Апликацијата HeartWise преку паметните часовници ги потсетува пациентите, во текот на опоравувањето од кардиолошки интервенции, да вежбаат, да бележат податоци за активностите и непрекинато го прикажува отчукувањето на срцето на корисникот во текот на вежбањето. Овие податоци, преку паметниот телефон, автоматски се пренесуваат во здравствениот картон на пациентите, за лекарите и физикалните терапевти да го следат напредокот на заздравувањето.

Дом по сечија мера

Samsung на овогодинешниот саем CES овозможи увид и во домовите од иднината, кои, како што најавија, ќе бидат опремени со врвни иновации засновани на вештачка интелигенција, сензори и анализа на податоци. Овие домови ќе предизвикаат бришење на границите меѓу физичкиот и дигиталниот свет, трансформирајќи ги просториите, во кои живееме, во што и да посакаме – уметнички галерии, теретани или нешто трето. Така, со помош на Samsung GEMS технологиите, преку користење на AR очилата, корисниците ќе можат да вежбаат со виртуелен персонализиран тренер или да одат на планинарење додека седат во своите дневни соби.

Се дискутираше и за технолошката еволуција, која ќе се одрази и на вградените кујнски апарати од кои се очекува да станат идеални кулинарски партнери на своите корисници – личен готвач, нутриционист и шопинг асистент, ќе бидат споени во еден уред. Паметната и иновативна технологија може да го прилагоди целокупното кулинарско искуство на корисниците, нудејќи им, меѓу останатото, предлог рецепти и планирање оброци во склад со личните преференци и намирниците кои се моментално на располагање. 

Побезбеден и одржлив живот во урбаните средини

Укажувајќи на порастот на глобалната урбанизација, Samsung во своите визии претстави паметни градови, во кои паметните системиски уреди, платформи и податоци ќе го направат урбаниот живот посигурен и полесен. Оваа компанија препознава дека благодарение на Интернетот на Нештата, ќе биде овозможена  поголема заштеда на енергија и намалување на емисијата на штетни гасови.

Според тоа, жителите на една паметна зграда од иднината, ќе можат да повикуваат лифтови, да гасат светло или да проверуват дали има слободно место за паркирање преку едноставен допир на екранот или преку гласовна команда. Кога ќе се појави извесен дефект, паметните згради ќе реагираат и ќе побараат поправка, пред станарите да го воочат проблемот.

Комбинацијата на 5G мрежата, EDGE компјутерството и вештачката интелигенција потполно ќе го променат градскиот превоз. Настапувањето на новата ера возила, опремени со петта генерација на мобилни мрежи, ќе овозможи меѓусебна комуникација меѓу возилата, а со тоа и поголема безбедност на патиштата.

Светот како подобро место за сите

На крајот од својата презентација за Eri искуствата, H.S. Kim истакна три клучни области на кои ќе се фокусира Samsung компанијата во иднина – безбедност и приватност, добронамерна технологија и живеалиште, а сѐ со цел да се создаде подобар живот за сите. Со напредокот на технологијата, расте и потребата за засилена заштита на личните податоци, а Samsung ќе се потруди корисниците да уживаат во потполна приватност со помош на вештачка интелигенција, EDGE компјутерството и blockchain технологијата.

Исто така, нагласи дека целта на технологијата е да решава социјални проблеми, да едуцира и да ги мотивира луѓето на промени. За таа цел, компанијата Samsung во 2020 година ќе работи на ширење на својата CSR програма „Together for Tomorrow! Enabling People“, развивајќи образовна програма и обука за најновите технологии базирани на вештачка интелигенција, роботи и Интернет на Нештата.

За повеќе податоци и детали за презентираните иновации на саемот CES 2020, вклучувајќи фотографии и видео снимки, посетете ја news.samsung.com.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија