ЦЕРЕМОНИЈА ВО КРЕМЕЉ СО СТОТИЦИ ГОСТИ, АПЛАУДИРАА, НО ЛИКОВИТЕ НЕ ИМ БЕА ВЕСЕЛИ: Еве како изгледаа Лавров, Кадиров, Шојгу, Медведев...
Објавено во: Свет 30 Септември, 2022
Анексијата на
четирите региони беше потпишана денеска на церемонија во Кремљ, која беше
најавена во 14 часот, но доцнеше повеќе од 15 минути.
Путин ја наполни салата со гости од политичкиот, општествениот и верскиот живот на Русија и одржа еден од своите пожестоки говори во кој, меѓу другото, рече дека Западот ги крши човековите права и дека уништувањето на западната хегемонија е неповратен процес и дека светот никогаш повеќе нема да биде ист.
По 40-минутниот говор, тој ја потпиша анексијата. Иако Путин во неколку наврати доби аплауз, лицата на присутните воопшто не изгледаа весело. Вака изгледаа Лавров, Кадиров, Шојгу, Медведев...
Извор: Index.hr