24 Април, 2024
0.0270

Централен регистар пријавил штета од „Таргет груп“ во ОЈО, износот заради истрагата засега е тајна!

Објавено во: Економија 29 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Сè она што го побарало ОЈО од Централен регистар, поврзано со овој случај, ние сме го доставиле. Со оглед на фактот што се работи за истражна постапка, би се воздржале од информации кои може да наштетат на истата, одговори ЦР. За потсетување ЦР преку МВР поднесе кривична пријава против „Таргет груп“ затоа што користи нивни податоци спротивно на закон туку и ги препродава преку платформата „Бизнис мрежа“ па и незаконски како извор на податоците го наведува ЦР

Централен регистар (ЦР) доставил до скопското Основно јавно обвинителсто се што од нив било побарано во врска со случајот против „Таргет груп“. Тоа подразбира дека оваа институција се произнела и за висината на оштетното побарување против „Таргет груп“, но износот на штета ЦР нема да го соопшти за да не се наштети на истражната постапка што ја водат обвинителството, соопшти Централен регистар за „Фактор“.

„Сè она што го побарало ОЈО од Централен регистар, поврзано со овој случај, ние сме го доставиле. Со оглед на фактот што се работи за истражна постапка, би се воздржале од информации кои може да наштетат на истата до нејзино завршување. За останатите информации би Ве упатиле во ОЈО како надлежен орган за водење на постапката“, пишува во одговорот на ЦР што интегрално го пренесуваме.

Како што досега „Фактор“ пишуваше во неколку наврати, Централен регистар пријавил незаконитости во работењето на „Тагрет груп“ до МВР. Од министреството направиле истрага, ги споредиле базите на податоци и поднеле кривична пријава до скопското Основно јавно обивнителство. ЦР пријавил дека  „Таргет груп“, не само што користи нивни податоци спротивно на закон туку и ги препродава преку платформата „Бизнис мрежа“ па и незаконски како извор на податоците го наведува ЦР.

Дури наведоа дека во повеќе наврати превземал мерки да ги заштити другите државни органи и институции, од според нив, злоупотребите на „Таргет груп“. Конкретно, ЦР реагирал во случаи кога државни институции распишувале тендери на кои Таргет Груп ДОО се јавува како економски оператор кој ги нуди податоците кои исклучиво Централен регистар ги води во своите регистри.

При тоа , без исклучок, државните институции реагирале така што по реакцијата на ЦР ги поништувале постапките за набавка на такви услуги на кои се јавувал „Таргет груп“.

Скопското ОЈО повтрди дека има постапка по кривична пријава од ЦР и дека е оформен предмет по кој се преземени дејствија во фаза на предистрага. Минатата недела во одговор за „Фактор“ од ОЈО наведоа дека чека Централен регистар да пријави висина на оштетно побарување против „Таргет груп“ и од тоа ќе зависи квалификацијата на кривичното дело како и можна затворска казна.

„Фактор“, согласно со стандардите за професионално известување пред објавата на првиот од низата текстови побара став и од „Таргет груп“, а нивниот одговор повторно интегрално го објавуваме.

„Почитувани,

Најпрвин Ви благодариме за Вашиот огромен интерес за компанијата Таргет Груп ДООЕЛ Скопје, Ви стоиме на располагање на сите Ваши прашања и нејаснотии.

Согласно Вашите прашања Ве известуваме:

Компанијата Таргет Груп ДООЕЛ Скопје работи согласно закон. Договорите кои ги има склучено компанијата Таргет ГРУП ДООЕЛ Скопје со трети страни се деловна тајна и истите неможеме да ги коментираме. Против нашата компанија Таргет Груп ДООЕЛ Скопје не се води никаков судски процес ниту пак сме биле повикани на распит во ОЈО. Изворот на податоци на платформата БизнисМрежа.мк претставуваат сите наши партнери и државни институции кои објавуваат или публикуваат податоци за правни лица од нашата држава, а истите се јавно достапни или јавно публикувани со што препродажбата на истите во обработена форма е целосно легална“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?