ЦЕНИТЕ ВО ПАД: Еве колку ќе чинат бензините и дизелот по полноќ
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2019
Нафтата која падна на светските пазари е причината поради која паднаа цените на нафтените деривати и кај нас.
Од полноќ возачите ќе точат бензини и дизел по цени пониски од претходната недела за еден денар.
Имено, Еуросупер БС-98 ќе чини 70 ден/лит а дизелот 62 ден/лит. Од друга страна Еуросупер БС-95 на бензинските ширум државата ќе се точи по 68 ден/лит. а поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе биде 51,50 ден/лит.
Раст на цената бележи мазутот кој ќе чини 33,779 ден/кг.