ЦЕНИТЕ ОДАТ НАГОРЕ: И бензини и дизел деновиве ќе се точат поскапо
Објавено во: Економија 25 Февруари, 2020
Половина до еден денар по литар скокнаа цените на нафтените деривати.
Почнувајќи од полноќ и бензините но и дизелот поскапе а причината според РКЕ е повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Ако возите автомобил на бензин во следните неколку дена литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе ве чини 67 денари за литар, додека од друга страна ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи за 69 денари по литар.
Оние кои возат коли на дизел неделава ќе плаќаат 58,5 денари по литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).