24 Април, 2024
0.0327

Цените на нафтата отидоа на дното

Објавено во: Економија 27 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата паднаа најмногу во оваа година.

На светските пазари цените на нафтата минатата недела го забележаа најголемиот неделен пад годинава затоа што инвеститорите се плашат дека трговската војна меѓу САД и Кина ќе предизвика забавување на растот на светската економија. 

На лондонската берза цената на барелот минатата недела се намали за 4,8 отсто, на 68,70 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 6,4 отсто, на 58,65 долари.

Падот на цените е последица на тензиите во трговските односи меѓу Вашингтон и Пекинг, што може да ѝ наштети на целата светска економија, а со тоа и на побарувачката на „црното злато“. Тензиите растат откако САД го вклучија кинески Хуавеј на листата компании кои не можат да купуваат делови и технологија од американски компании без дозвола од американската влада поради закана за националната безбедност.

Покрај тоа, Вашингтон порача дека за еден месец би можел да ги зголеми царините на уште околу 300 милијарди долари вреден кинески увоз, откако претходно ги зголеми царините на 200 милијарди долари вредна кинеска стока која се увезува во САД.

Кина на тоа воведе противмерки на увозот од САД и порача дека Вашингтон треба да го коригира своите погрешни потези за да продолжат трговските преговори. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи