09 Октомври, 2024
0.0255

„Цените на енергијата во Југоисточна Европа значително повисоки од Европа“: РКЕ бара да се испитаат причините

Објавено во: Економија 12 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја информираа Европската енергетска заедница дека во дел од земјите на Југоисточна Европа се регистрираат нетипично високи цени на пазарот на електрична енергија.

Претседателот Марко Бислимоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со официјално писмо до директорот на ЕЕЗ Артур Лорковски бараат да мобилизира екипа која ќе направи детална анализа и ќе ги скенира причините поради кои се регистрира голема нерамнотежа на цената на струја од земја до земја. 

- Почнувајќи од крајот на јуни 2024 година, а особено во јули и август, цените на електричната енергија во регионот на Југоисточна Европа се значително повисоки од цените во останатиот дел од Европа. Просечните цени на пазарите „ден однапред“ во јули 2024 година се движат од околу 159 ЕУР/MWh во Албанија, додека во Франција се околу 46 ЕУР/MWh. Најзабележливи ценовни отстапувања во овој период се регистрирани во Албанија и Романија, како и во други земји од регионот - се вели во дописот испратен до ЕЕЗ.

Освен РКЕ и МЕРМС и ресорните министерства од Грција, Бугарија и Романија за оваа состојба ја алармирале Енергетската заедница.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија