ЦЕНИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА: Сместувањето во Давос оган и пламен
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2020
Ноќевање во Давос чини 2.700 евра.
Според информациите на Booking.com за неколкуте преостанати соби во Давос потребно е да се издвојат помеѓу 1.676 и 2.794 евра за една ноќ.
Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, и пристигнувањето на најмоќните луѓе во светот, придружувани од бројни делегации и уште поголем број медиуми, ги наполнија сместувачките капацитети.
Престојот од два дена на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги чини американските даночни обврзници повеќе од 3,4 милиони долари за изнајмување автомобили и хотелски соби.
Светскиот економски форум во Давос е отворен синоќа, а првите сесии започнаа денес.
Во Давос се и десет млади активисти од различни земји од светот. Меѓу нив е и познатата Грета Тунберг од Шведска.