ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА НАДМИНА ПСИХОЛОШКАТА ГРАНИЦА ОД 30 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - која е „магијата“ за инвеститорите

Објавено во: Финансии 17 Јануари, 2025
Цената на акцијата на Комерцијална банка ја надмина психолошката граница од 30 илјади денари по акција.
Ова се случило завчера, кога просечната цена по акција на најголемата македонска банка достигнала 30.021 денар по акција, додека вчера продолжил тој раст, па просечната цена била 30.386 денари за една акција на оваа банка.
Од стартот на денешнпото тргување тој ртаст продолжува, и цената во повој момент достигна 30.390 денари за една акција.
Инаку, завчера била истргувана и прилично значајна количина на акции, односно 656 акции на оваа банка, додека, пак, вчера бројот на истргувани акции бил нешто помал и изнесувал 519 акции.
Акциите на Комерцијална банка, заедно со акциите на „Алкалоид“, се најтргуваните и најбрзорастечките акции на Берзата во последниов период, а со нив се прават и најголемите промети на македонскиот пазар на капитал.
Како што веќе објави Фактор, пазарната капитализација ја надмина сумата од една милијарда евра. Пазарна капитализација значи колку пари некој би требало да плати одеднаш под хипотетичка претпоставка дека би ги купил сите акции на таа компанија или банка во еден исти момент. Според тие податоци, Комерцијална банка на крајот на декември минатата година имала пзарна капитализација од 1,054 милијарди евра. Со тоа оваа банка ја надмина последната пазарна капитализација од крајот на ноември минатата година, кога таа изнесуваше околу 900 милиони евра.
Н.Н.Ф.Можеби ќе ве интересира
ВО ПОЛИТИКАТА НЕ УСПЕА, АМА МАШАЛА, БИЗНИСОТ ДОБРО МУ ОДИ: Себастијан Курц заработи милијарди

„ЗА ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА И ПОЕВТИНА ХРАНА“: СДСМ со предлог закон бара намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти

ФЕД ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТА НА АМЕРИКАНЦИТЕ: „не можат да ги враќаат кредити за автомобили“

ДОМАШНИТЕ БАНКИ ПАК ГО КРЕДИТИРАА СИГУРНИОТ ВРАЌАЧ - државата се задолжи за над 22 милиони евра, ова се каматите

БОГАТСТВОТО НА МАСК СЕ НАМАЛИ ЗА 42 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ - поддршката на Трамп може скапо да го чини

БЕЗ РАБОТА ЌЕ ОСТАНАТ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Популарна банка во Германија планира големи откази, сакаат да ги намалат трошоците

КРАЈ ЗА НАЈГОЛЕМИОТ СРПСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ГУМИ: „Tigar“ укинува милиони акции и банкротира

КОШМАР ВРЕДЕН 55 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Овде се гради најскапата нуклеарна централа во историјата

КУЌА НА ЈАДРАНОТ СЕ ПРОДАВА ПОЕВТИНО ОД СТАН ВО СКОПЈЕ: Се наоѓа на 300 метри од плажа
