ЦЕЛО ДУИ ДОЈДЕ НА СЕЧЕЊЕ ЛЕНТА НА СПОРТСКА САЛА - Артан Груби заборави да ја спомене Мила Царовска

Објавено во: Македонија 06 Март, 2021
Денеска новоизградената спортска сала „Фаик Коница“ во село Доброште општина Теарце имаше многу посетители.
Министерката за образование Мила Царовска, но и половина ДУИ, предводени од лидерот Али Ахмети лично и сите најважни државни функционери од оваа партија.
Еве што за настанот соопштија од Кабинетот на министерката Царовска, односно од МОН.
„Министерката за образование и наука Мила Царовска заедно со министри и пратеници денеска ја посетија новоизградената спортска сала во основното училиште „Фаик Коница“ во с.Доброште, општина Теарце. Новата сала е градена согласно барањата за енергетски ефикасни објекти“, се вели во соопштението.
Министерката Царовска нагласила дека со оваа современа спортска сала, учениците од оваа рурална општина добиваат катче за спортски активности но и за реализација на изборни предмети според афинитетите на учениците.
„Физичкото образование создава здрави генерации,
ги поттикнува учениците да спортуваат па и да постигнуваат повисоки резултати.
Затоа како Влада и како Министерството за образование и наука сме насочени кон
инфраструктурни вложувања во објекти каде децата ќе можат во пријатни услови да
ги реализираат часовите за спортски активности. И тоа го правиме плански.
Минатата година имавме повик за инфраструктурно вложување во училиштата и оваа
година продолжуваме да градиме по план, согласно потребите на општините, со цел
да го подобриме основното образование во нашата држава. Затоа што за квалитетот
на основното образование се важни сите чинители – и квалитетните наставни
програми и обучените наставници но исто така се значајни и условите во кои се
одвива наставата. Многу ми е драго што децата од оваа општина добиваат
поквалитетно образование“, изјави Царовска.
Спортската сала во основното училиште во
Доброште е со површина од 650м2 и е целосно опремена со спортски
реквизити. Изградбата на салата чинеше 22,6 милиони денари.
А еве што напиша на фејсбук Артан Груби, прв вивепремиер во Владата на земјава.
Можеби ќе ве интересира
Анестезиолог Хаџиевска по трансплантацијата на срцето кое му го продолжи животот на Илија: Со сопругата беа ептен слатки, двајцата многу млади

Комисијата за заразни болести не исклучува уште една недела рестриктивни мерки

Мирослав Богдановски е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој излезе од изолација за да гласа во Собрание

Антонио Милошоски: За некои граѓани нема амбулантно возило, но за некои функционери има во секое време

Заврши сагата, сите пратеници ги изгласаа законите за економска помош на граѓаните и компаниите

Бојан Маричиќ: Позитивните пратеници на СДСМ се присутни во Собранието согласно сите протоколи

Апасиев од собраниската говорница до двајцата позитивни присутни пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот

СДСМ собра мнозинство: 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина
