29 Март, 2024
0.0263

ЦЕЛ ВИКЕНД СЕ ЗАНИМАВАМЕ СО ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА - никој не прашува зошто уште немаме вакцини

Објавено во: Македонија 11 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани цели два дена се буквално „малтретирани“ со веста за запленетата дрога, но и со дилемите дали во шверцот учествувале или не луѓе блиски до високите владејачки структури.

А всушност најважното прашање во земјава што сите не и треба да не интересира, е каде се вакцините, кога тие ќе дојдат во земјава за навистина да почне еден сериозен процес на масовна имунизација, а не досега да бидат вакцинирани само 0,7 отсто од населението.

Откако во петокот власта соопшти дека фатила дрога вредна над 800 илјади евра, па дури и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сам се пофали дека е уапсен и висок полициски службеник, вчера од владејачките кругови веќе не се зборуваше на тема запленета дрога. 

Стигнаа само официјални соопштенија од МВР и од Обвинителството, за тоа како течела акцијата и какви постапки се водат, како и дека се уапсени шест лица, но министерот Спасовски не застана пред новинарите за да одговори на нивните прашања. Пред јавноста не се појави ни премиерот Зоран Заев.

Тоа како да и даде уште повеќе „масло на огнот“ на опозицијата да шпекулира и да прашува дали дрогата се пренесувала со комбе и со возачот на фирма на братучедот на премиерот.

Преку пресконференции, но и преку постови на фејсбук, опозиционерите вршеа силен притисок врз власта да одговори.

И ако вчера владееше молк, денеска се редат еден по еден демант од страна на власта. Прв дематираше братучедот на премиерот, Трајче Заев, потоа со соопштение се јави и владејачката СДСМ, а на крајот и Министерството за внатрешни работи.

Трајче Заев на фејсбук напиша дека е во Дубаи на бизнис патување и дека досега молчел, но сега се јавува да демантира дека ниту комбето, ниту возачот кој ја превезувал запленетата дрога, не се на негова фирма.

А она што е интересно, е што на сите овие прозивки МВР не даде официјале демант до сите медиуми, туку тоа го направиле на барање на новинарите на ТВ 24, кои до нив си поставиле прашање. Министерството за внатрешни работи за Телевизијата соопштило дека комбето во кое се пренесувала дрогата не е во сопственост на фирма на Заеви. Но, опозициската ВМРО-ДПМНЕ инсистира и понатаму дека комбето во кое била пронајдена марихуаната е во сопственост во фирма партнер на семејството Заеви.

Инаку, акцијата со запленетата дрога на Плетвар ја спроведе македонската полиција заедно со Американските безбедносни служби, ДЕА, при што беа запленети 200 килограми марихуана.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница